На берзата свртени 103 милиони евра

Bez autora
Jul 05 2011

Три блок-трансакции во април годинава го зголемија прометот на Македонската берза за 250 проценти, во првите шест месеци годинава во однос на истиот период лани. Во првата половина од годинава прометот на берзата изнесува околу 6,3 милијарди денари или нешто повеќе од 103 милиони евра. Порастот на прометот во првите шест месеци од годинава за разлика од минатата година изнесува значајни 250 отсто, но овој промет мора да се декомпонира, да се погледне неговата структура и да се дефинираат неколку фактори кои влијаат на порастот. Според него, најголемо учество во прометот имаат блок-трансакциите со 55,3 отсто, официјалниот пазар 25 проценти и јавните понуди 14,6 отсто. Тргувањето со некотирани хартии од вредност е многу мало, неполни четири проценти. Јасно е дека годинава има подобрување. За шест месеци е надминат ланскиот вкупен годишен пораст за 8,5 отсто.

На берзата свртени 103 милиони евраТри блок-трансакции во април годинава го зголемија прометот на Македонската берза за 250 проценти, во првите шест месеци годинава во однос на истиот период лани.

Во првата половина од годинава прометот на берзата изнесува околу 6,3 милијарди денари или нешто повеќе од 103 милиони евра.

- Порастот на прометот во првите шест месеци од годинава за разлика од минатата година изнесува значајни 250 отсто, но овој промет мора да се декомпонира, да се погледне неговата структура и да се дефинираат неколку фактори кои влијаат на порастот - истакна Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза на вчерашната прес-конференција.

Според него, најголемо учество во прометот имаат блок-трансакциите со 55,3 отсто, официјалниот пазар 25 проценти и јавните понуди 14,6 отсто. Тргувањето со некотирани хартии од вредност е многу мало, неполни четири проценти.

- Јасно е дека годинава има подобрување. За шест месеци е надминат ланскиот вкупен годишен пораст за 8,5 отсто - истакна Штериев.

Според него, изминативе шест месеци значителен е порастот на блок-трансакциите. Пријавени се 32, за разлика од лани кога имало 11, а реализирани се 3,5 милијарди денари. Во сегментот јавни берзански аукции, каде што минатата година немаше активност, се остварени 70 милиони денари, а реализирани се и 927,5 милиони денари преку јавната понуда на хартии од вредност на Комерцијална банка во февруари.

Најголем промет е остварен во април, јуни и февруари. На Берзата с` уште се најзастапени компаниите од финансискиот сектор, веднаш по нив фармацевтски компании, а кумулативно за минатата година сите котирачки компании оствариле добивка од 1.943.820.752 денара.

Индексот на Македонската берза (МБИ10) првото шестмесечје го заврши со 2.594,10 индексни поени, што претставува седум отсто зголемување за период од една година или 13,83 проценти пораст во однос на 31.12.2010 година.

Одговарајќи на новинарско прашање, Штериев рече дека странските инвеститори во вкупниот промет на Берзата учествуваат со 25,6 отсто, а во продажбата со 25,3 проценти. За нивно привлекување, порача, се неопходни добри резултати на нашите компании, солидна вкупна општествено-економска клима, добра инфраструктура за тргување и промоција.

Директорот информира и дека се зголемува бројот на компании што исплаќаат дивиденда. Од 33 котирани лани 11 исплатиле дивиденда од 1 милијарда денари, што е 20 отсто пораст во однос на 2009 година.

Споредбено со берзите од регионот, најголем пад на индексите забележуваат словенската и виенската берза, со пад од -12,71, односно -4,74 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik